Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци без лиценци за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) соопшти дека Комисијата за лиценцирање донела одлука да не им издаде лиценци за настап во Првата женска лига за сезоната 2026/27 на ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци.

По спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, Комисијата утврдила дека двата клуба не ги исполниле условите предвидени со Системот за лиценцирање.

Од Федерацијата информираат дека Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци биле навремено известени за недостатоците во документацијата, како и за условите што требало да ги исполнат за успешно завршување на постапката. И покрај оставениот рок и дадените насоки за нивно отстранување, клубовите не ги исполниле пропишаните критериуми.

Поради тоа, Комисијата за лиценцирање донела одлука на двата клуба да не им биде издадена лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27.

Од Кошаркарската федерација на Македонија потенцираат дека и понатаму ќе останат доследни во спроведувањето на Системот за лиценцирање, со цел да се обезбедат транспарентност, финансиска дисциплина и исполнување на организациските и административните стандарди неопходни за учество во националните кошаркарски натпреварувања.

Се вчитува...