„Кам-бек“ во најава: Мејведер бара „луди“ 200 милиони долари за да се врати во рингот!?

Боксерската легенда Флојд Мејведер сака да се врати во рингот и на 45 години, но само ако му бидат понудени 200 милиони долари.

Мејведер веќе има закажано егзибициски настапи, но сега бара и официјален бокс-меч со кој ќе се врати повторно на рингот.

„Јас до крај на година планирам три борби, од кои две се егзибициски и сега една би можела да биде боксерска, ама само под еден услов. Најмалку што ќе прифатам е да дадат 200 милиони долари“, рече Мејведер.

Флојд е непоразен шампион со 50 победи во кариерата, а се најавува дека можеби ќе прифати за ваква сума нова пресметка со Конор Мекгрегор.

Се вчитува...