Каменица Саса загуби и од Бешикташ во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион во женска конкуренција ЖФК Каменица Саса загуби и од Бешикташ со 4-0, завршувајќи го настапот на квалификацискиот турнир за Лигата на европските шампионки.

По убедливиот пораз од Јувентус со 12-0 на првиот меч, Каменица саса не успеа да парира и на турски Бешикташ.

Противничките до триумфот дојдоа со четири погодоци постигнати во последните 30 минути од натпреварот.

Се вчитува...