Канадската пливачка Самер Мекинтош го урна светскиот рекорд на 400 метри мешано откако на канадските квалификации за ЛОИ во Париз кои се одржуваат во Торонто делницата ја исплива за 4:24,38 минути.
17-годишната Мекинтош беше сопственичка и на претходниот најдобар резултат на планетата во оваа дисциплина, бидејќи лани ја запре стоперката на 4:25.87, исто така во нејзиниот роден град.
На квалификацискиот турнир во Канада таа триумфираше и на 200 и 400 метри слободно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА