Канатларовски: Примивме наивен гол, се надевам дека ова беше само лош ден

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски вели дека е пропуштена можност за три бода на мечот против Фарските острови кој заврши 1-1.

Македонија, според селекторот, беше подобар тим на теренот но недостасуваше завршница и за три бода.

„Игравме без четворица стандардни репрезентативци, иако тоа не треба да биде алиби за ремито. Имавме игра, посед на топка и шанси но ни недостасуваше завршница. Примивме наивен гол откако лошо влеговме на натпреварот. Но, по тој гол потоа имавме целосна контрола на мечот“ – истакна Канатларовски по мечот со Фарските острови, притоа дополнувајќи:

„Силно верувам во овие момци дека имаат потенцијал, па одиме на следниот натпревар против Ерменија на победа. Се надевам дека денеска беше само еден лош ден“.

Се вчитува...