Кансело откри зошто го напушти Манчестер сити

Како „гром од ведро небо“ дојде информацијата дека португалскиот дефанзивец Жоао Кансело ќе го напушти Манчестер сити и ќе замине на позајмица во германскиот шампион Баерн Минхен.

Никој не знаеше која е причината за неговото заминување од „Етихад“ бидејќи Кансело важи за еден од најдобрите на својата позиција, но во последно време  го загуби епитетот стартер во тимот на Пеп Гвардиола.

Имаше шпекулации дека тој се скарал со шпанскиот стратег, па дека тоа е главната причина за неговото заминување. Португалецот конечно се јави со изјава за целата ситуација.

„Не играв многу и тоа е главната причина за моето заминување. Тоа нема врска со Пеп. Сакав нова авантура, а Баерн е мојот клуб од соништата. Дојде можност и морав да ја искористам. Знајте дека ова е голем клуб“, рече Кансело.

Покрај Баерн, Кансело имал понуда и од Барселона, но наводно ја одбил бидејќи со германскиот клуб ќе продолжи да игра во Лигата на шампионите.

Се вчитува...