Ханси Флик ќе добие уште едно значајно засилување во Барселона откако Жоао Кансело направи значаен чекор до враќање назад на „Камп Ноу“.
Португалецот одлично се снајде во тактичките замисли на Флик во вториот дел од ланската сезона во кој беше позајмен од Ал Хилал, но клубот од Саудиска Арабија бараше 30 милиони евра за откуп, сума што Барса одбиваше да ја плати. Ал Хилал во меѓувреме се соочи со друг проблем, преголем број на странски фудбалери кои нема да можат да бидат регистрирани.
Управата бара начин да се ослободи од Дарвин Нуњез и од Кансело, кои би можеле да бидат пуштени да си заминат бесплатно или за минимална отштета не повисока од пет милиони евра, сума што каталонците без размислување ќе ја платат за да го осигураат потписот на одличноит бек.
Самиот Кансело веќе се согласи на значително намалување на платата во однос на договорот што го има со Ал Хилал, па нема никаква пречка за Португалецот веќе во текот на следната седмица да го комплетира своето враќање на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
