Одлуката Франко Мастантуоно да биде испратен на позајмица од Реал Мадрид во Фиорентина се покажува како полн погодок откако аргентинскиот фудбалер блесна во сиот свој сјај во дресот на „виолетовите“.
Тој постигна хет-трик на синоќешното гостување во Венеција, со што стана најмлад играч со три гола на еден натпревар во клупската историја на Фиорентина.
Што е уште поимпресивно, Мастантуоно на овој меч за паметење го урна рекордот на легендата Лео Меси, како најмлад Аргентинец што стигнал до хет-трик во една од Топ 5 европските лиги.
Мастантуоно го стори тоа на 19 години и 28 дена, уривајќи го рекордот на Меси и неговиот славен хет-трик за Барселона на дербито со Реал Мадрид (3-3) на возраст од 19 години и 259 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
