Капело откри како го доведе Карлос во Реал: Се беше готово за 24 часа (ВИДЕО)

Роберто Карлос по една сезона помината во Интер, во 1996 година го облече дресот на Реал Мадрид, а остана во „кралскиот клуб“ се до 2007 година. Богатата кариера со една од најдобрите фудбалски генерации ја закити со четири титули во шпанското првенство и три трофеи во Лигата на Шампионите или вкупно 13 титули во сите натпреварувања.

Карлос во дресот на Реал Мадрид стана еден од најдобрите леви бекови на сите времиња, а најзаслужниот за неговиот трансфер во составот од Мадрид беше Фабио Капело. Италијанскиот стратег сега се присети на податоците од овој трансфер, за кој вели дека се реализирал експресно брзо.

„Кога ни испратија факс со одредена цена, не можев да верувам. Тоа не беше некоја неразумна сума и му реков на претстадателот на клубот, Лорензо Санз веднаш да го „запали“ авионот и да замине во Милано. Му кажав дека многу клубови ќе заминат во Италија чим се дознае за тоа. Во Интер не разбираа дека Роберто Карлос е одличен играч и целиот трансфер го завршивме за 24 часа. Велеа дека не може да даде гол, а јас им реков: Подајте ја топката напред и ќе видите кој ќе стигне до неа прв, се присети Капело.

Роберто Карлос за Реал Мадрид одигра 370 натпревари на кои постигна 47 гола, а во историјата меѓу другото ќе биде запомнет и како творед на еден од најубавите голови.

Се вчитува...