Капело со критики до Алегри: Престани да се шегуваш, зошто Влаховиќ не играше!?

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело упати критики до стилот на игра на Јувентус кој тешко постигнува голови и покрај големиот напаѓачки потенцијал на тимот. Структурата на „старата дама“ е таква што понекогаш изгледа целосно иновативно, но на негативен начин.

Поставата не е ускладена и често владее неред во формацијата. Поради таквата игра тренерот Алегри е на мета на критики, а сега „отровни стрели“ испрати и легендарниот Фабио Капело.

„Меѓутоа Јувентус не може да игра на овој начин … Алегри мора да направи нешто повеќе. Макс, престани да се шегуваш, те сакаме, но сакаме и подобар Јуве. Овој тим сега игра на моменти, не е јасно што сака. Ако самиот кажа дека најважниот натпревар е против Бенфика за две недели зошто Влаховиќ не играше против Фиорентина?“, запраша Капело.

Јувентус натпреварот со Фиорентина го заврши со реми, Влаховиќ не одигра ниту минута на оваа средба. Во вторник „старата дама“ ја чека натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите.

Се вчитува...