Капитенот на Баерн Минхен – нов „бисер“ на Македонија

Јуниорската репрезентација на Македонија ќе биде значително засилена за претстојниот европски шампионат – Б дивизија што ќе се одржи во Скопје, откако поканата да стане дел од нашиот национален тим ја прифати 17-годишниот Даниел Здравевски, член на Баерн Минхен. Тој со своите родители подолго време живее во Германија, каде се наметне како еден од лидерите на У18 екипата на баварскиот гигант, веќе има и настап за У16 селекцијата на Германија, но постигнат е договор Здравевски почнувајќи од ова лето да почне да го носи дресот на Македонија.

Средени се сите формалности за Здравевски да игра за нашата јуниорска репрезентација, добивме зелено светло и од Марко Пешиќ, кој е генерален менаџер на Баерн Минхен и даде дозвола овој млад кошаркар да заигра за Македонија почнувајќи од ова лето. Тој ќе пристигне во Скопје и ќе ги мине неопходните лекарски прегледи, по што доколку се е во најдобар ред ќе му се стави на располагање на селекторот Милевски“ – изјави директорот на МКФ, Владимир Темелковски.

Станува збор за играч висок 204 сантиметри кој настапува на крилната позиција и сигурно ќе биде големо засилување во обид да се стигне до што подобар пласман на шампионатот во Скопје.

Се вчитува...