Капитенот на ерменската фудбалска репрезентација, Вараздат Харојан, го откажа трансферот во Грција, зема пушка в рака и замина да ја брани татковината во воениот конфликт со Азербејџан во областа Нагорно Карабах. Тој одби трансфер во грчкиот тим АЕЛ Лариса, затоа што патриотски сака да и помогне на државата.
Харојан го известил грчкиот клуб дека нема да потпише договор поради најновите случувања и одговорил позитивно на регрутацијата со оглед дека е човек помлад од 40 години и имал задолжителен повик да ѝ служи на ерменската војска.
Харојан има 52 настапи за националниот тим на Ерменија, настапи и против Македонија во Скопје, носејќи ја капитенската лента.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА