Одбиена жалбата: Каратето нема да биде дел од ЛОИ во Париз 2024

Меѓународниот олимписки одбор уште еднаш ги одби барањата за каратето и сквошот да бидат дел од Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Претставници на овие два спорта се обратија до МОО со барање за вклучување, но од организацијата им беше одговорено дека уште во февруари беше утврден конечниот список на спортови кои ќе се најдат на игрите во 2024 и дека вклучени спортови во програмата ќе бидат брејкденс, сурфање, ролање а ќе биде задржено и спортското искачување. Од оваа група на спортови испаднаа каратето и сквошот, кои сепак ќе бидат дел од ЛОИ во Токио 2020.

Ова е голем удар и за Македонија, бидејќи каратето е еден од спортовите кои изминатите години носи најголеми успеси, а во категоријата до 60 килограми Емил Павлов е актуелен европски шампион.

Се вчитува...