Каратистот Емил Павлов стана европски првак!

Македонскиот каратист Емил Павлов стана европски првак во категоријата до 60 килограми на Европското првенство во Нови Сад. Тој успеа во финалната борба да го совлада италијанскиот каратист Анџело Крешченцо со 3-1 на поени, и да направи нов огромен успех за македонското карате во европски рамки.

Во конкуренција на 33 натпреварувачи во својата категорија, Павлов ги совлада Доминик Имрих (Словачка), Јасин Ал Атар (Холандија), Ненад Дуловиќ (Црна Гора) и Калвинс Калинс (Летонија) на патот до финалето. Во денешното финале, демонстрираше врвен квалитет и успеа да се закити со најсјајното одличје на Европското првенство.

Ова е втора титула европски првак за Емил Павлов, првата ја освои во 2014 година, а вкупно трет европски медал.

Се вчитува...