Каратистот Витомир Трајковски ќе се бори злато на младинското ЕП

На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 нашиот репрезентативец Витомир Трајковски во категоријата У21 обезбеди финале по дуелот со босанецот Халил Салиловиќ со резултатат 2-1 за Витомир.

Претходно Витомир во првото коло го победи италијанецот Лучиани Давиде со 3-2, во второто коло го победи претставникот од Албанија Мелос Гаши со 1-0, во третото коло го победи независниот натпреварувач Микита Сакивон со 6-1.

Финалето ќе биде во текот на утрешниот ден против претставникот од Ерменија Нерсисиан Гор.

Се вчитува...