Каратистот Врклевски сребрен на силната младинска лига во Пореч

Еден од најталентираните млади каратисти во Македонија, Јован Врклевски го освои сребрениот медал на силната младинска лига во Пореч.

Врклевски беше единствениот македонски медалист на ова натпреварување откако го освои второто место во категоријата до 52 килограми во борби за кадети.

Откако ја збриша конкуренцијата, Врклевски во финалето беше поразен од Белгиецот Матиа Ромбу.

Се вчитува...