Карерас останува во Реал Мадрид и покрај трансферот на Кукурела

Алваро Карерас најверојатно ќе остане во Реал Мадрид и  следната сезона. Жозе Мурињо е подготвен да го задржи поранешниот лев бек на Бенфика во редовите на мадридскиот клуб.

Се очекува Карерас да биде заменет со Марк Кукурела на позицијата лев бек, но и покрај тоа младиот шпански фудбалер е подготвен да остане и да се бори за место во тимот со репрезентативецот на „Фуријата“.

Во исто време, Фран Гарсија може да го напушти Реал Мадрид ова лето. За него веројатно ќе нема место кај Жозе Мурињо, и ќе му биде дадено зелено светло да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...