Стеф Кари потпиша продолжување на договорот со Голден Стејт, единствената франшиза за која настапуваше досега во својата долга НБА-кариера.
Новиот договор на Стеф Кари е со важност од две години, а за сезоната 2028/29 постои клаузула според која играчот ќе одлучи дали сака да продолжи. Договорот е вреден 116 милиони долари, што значи дека легендарниот кошаркар се согласил и на намалување на платата.
Во изминатите недели и месеци, Кари доби неколку понуди од Вориорс, а една од нив беше да почека, што би го направило договорот малку пофлексибилен. Сепак, Стеф се одлучи за сигурност.
Актуелниот договор му гарантира на Кари 62,6 милиони долари, а тој можеше да потпише продолжување вредно 136 милиони долари. Со овој потег, Вориорс ослободуваат 10 милиони долари во рамките на дозволениот буџет за плати што им овозможува да ангажираат слободен агент или да направат трејд во следните 12 месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
