Карим Бензема е кошмар за голманите во Европа (ФОТО)

Карим Бензема повторно беше херој за Реал Мадрид сезонава откако синоќа постигна хет-трик во победата од 1-3 над Челси во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Третиот гол Французинот го постигна по грешката на голманот на сините Едуард Менди. Сепак, ова не е првпат Бензема да ги натера противничките голмани да направат кикс. Истото му се случи на Донарума во осминафиналето сезонава, а претходно слични грешки правеа и Лорис Кариус во финалето против Ливерпул, како и голманот на Баерн Минхен, Свен Улрих.

 

Се вчитува...