Карим Бензема останува во Реал Мадрид!

Карим Бензема останува во Реал Мадрид и наредната сезона, ексклузивно пренесува шпанска „Марка“!

И покрај тоа што во текот на денов се тврдеше дека се сели во Саудиска Арабија, сепак извесено е дека Бензема и натаму ќе остане „крал“.

И на денешната прес-конференција во очекување на дуелот во Ла Лига, Французинот кажа дека е горд на својата кариера, и дека му се исполнил сонот од детство еден ден да игра во дресот на Реал Мадрид и да освојува трофеи.

Со се она што го изнесе пред медиумите јасно е дека останува во Мадрид…

„Знам колку навивачите на Реал ме сакаат. Тоа ми значи многу. Јас го давам најдоброто секогаш за нив, секогаш. Секогаш велам дека играме со 11 играчи на теренот, но исто така и со клучниот фактор – навивачите“, кажа Бензема и додаде:

„Која е мојата порака до навивачите? Еден, два, три… хала Мадрид“

Се вчитува...