Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да направи уште едно чудо, откако загуби на гостувањето кај Португалија со 2-0 во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината се игра во Португалија.
Еден од најпознатите португалски новинари, а сега стручен аналитичар за УЕФА од Порто, Карлос Мачадо вели дека оваа репрезентација на Македонија допрва ќе прави големи резултати.
„Португалија се пласираше на Светското првенство но со тешко извојувана победа против одличната репрезентација на Македонија. Двата гола беа постигнати од контранапади, а тоа покажува дека домашниот тим тешко креираше шанси. Македонија одлично го затвори просторот. Тоа го потврди и самиот Фернандо Сантош. Да, Португалија имаше повеќе шанси и посед на топката, но мора да се честита на Македонија која и тоа како знае да игра фудбал. Македонија допрва ќе изненадува и повеќе“, изјави Мачадо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА