Карвалјо потпиша за Шангај СИПГ, ќе се дружи со Оскар и Хулк

Раководството на Монако одлучи да не му понуди нов договор на Рикардо Карвалјо, но искусниот фудбалер не сака да стави крај на својата кариера на 38 години. Португалецот сè уште е во добра форма и ќе продолжи активно да се занимава со фудбал и во наредната година. Карвалјо стави потпис на едногодишна соработка со Шангај СИПГ, клуб кој се натпреварува во кинеската Суперлига.

Шангај СИПГ прави силен тим со кој ќе атакува на нависоките позиции во кинеската лига. Ноедамна, раководството на кинескиот клуб одлучи да потпише со Оскар, а пред тоа го ангажира и Хулк.

Карвалјо своето искуство го собра во разни клубови ширум Европа. Кариерата започна да ја гради во Порто, а откако ја освои Лигата на шампиони во 2004 година потпиша за Челси. Шест сезони подоцна му се приклучи на Реал Мадрид, за по три сезони да потпише  за Монако.

Се вчитува...