Каталонија и Лапорта се минато, Меси не размислува за враќање во Барселона!

Лионел Меси одигра слаба сезона претходната година во ПСЖ. Аргентинецот и покрај бројните критики не размислува за враќање во Барселона идното лето, период во кој ќе му заврши договорот со ПСЖ.

Оваа информација ја пренесува „Ел Мундо Депортиво“, повикувајќи се на извори блиски до семејството на фудбалерот.

Жоан Лапорта неодамна објави дека тој и Барса му должат на Меси, откако ланското лето поради проблеми со финансискиот фер-плеј не успеаа да го регистрираат, па Аргентинецот заврши во Париз.

„Никој никого не контактирал, ниту Лапорта нас, ниту ние сме разговарале со него. Сe друго што излегува низ медиумите е само чиста шпекулација и нема никаква вистина“, рекол извор близок до Меси.

Според медиумите од Каталонија, Меси конечната одлука ќе ја донесе после Светското првенство во Катар, кое се игра на крајот на годинава.

Се вчитува...