Каталонците се жалат: Колку пати ВАР му помогна на Реал по паузата?

Барселона игра слабо и губи бодови, но каталонските медиуми причината за заостанувањето од четири бода зад „кралевите“ ја бараат во судиските одлуки во корист на Реал Мадрид на натпреварите што „кралевите“ ги одиграа во изминатите дваесетина дена, по паузата одради коронавирусот.

Каталонците се жалат дека на пет од шесте одиграни средби „кралевите“ имале судиска помош, а ситуацијата кои биле прегледувани со ВАР редовно биле одлучувани во корист на тимот на Зинедин Зидан.

Серијата почна од првиот дуел, на домашен терен со Еибар, на кој Тони Крос постигна гол во раната фаза од мечот, гостите се жалеа дека Бензема се наоѓа во офсајд на почетокот од акцијата, но ВАР не го поништи погодокот.

Бензема се најде во центарот на вниманието и на дуелот со Реал Сосиедад, каде постигна гол смирувајќи ја топката со рамо, домаќините бара да биде досудено играње со рака, но судиите го признаа погодокот. На истиот меч при водство на Реал од 0-1 беше поништен гол за Реал Сосиедад поради пасивен офсајд на Јанузај.

На дербито со Валенсија, при резултат 0-0 беше поништен гол на Родриго, по повеќеминутно прегледување со ВАР беше досуден офсајд од Макси Гомез.

На дуелот со Мајорка Реал дојде во водство од сомнителна ситуација, откако Карвахал направи чист фаул на средината од теренот, овозможувајќи „кралевите“ од контранапад да поведат преку Родриго. Воедно, каталонските медиуми тврдат дека не е досуден и пенал од Карвахал за Хетафе на последниот меч во Мадрид, за потоа токму врз Карвахал да биде досуден удар од белата точка со кој „кралевите“ стигнаа до победата.

Дебати на релација Барселона – Мадрид имало и ќе има, но секогаш на крајот се гледа изгледот на табелата, а тој во моментов е токму онаков каков што го посакуваат „кралевите“.

Се вчитува...