Катастрофа на Јувентус: Пораз од 4-0 од Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Јувентус е во проблеми една недела пред почетокот на првенството во Италија, откако денеска во пријателскиот натпревар загуби од Атлетико Мадрид и тоа како домаќин со 0-4.

Алваро Мората, досегашниот голгетер на Јуве, се „одмазди“ за непродолжувањето на договорот со тимот од Торино, и постигна два гола.

Првиот гол Мората го постигна во 10. минута. Шпанецот одлично се уфрли меѓу одбраната на Јуве, и погоди за водство. Истиот играч зголеми на 0-2 после пробив од десната страна и одличниот дриблинг, стрелаше во голот на Шчесни.

Во вториот дел ништо не се смени. Томас Лемар во 62. минута откако прекрасно погоди од слободен удар од 30 метри покрај невнимателниот Перин. Во 90. минута Куња погоди после катастрофалната реакција на одбраната на италијанската екипа.

Се вчитува...