Катастрофа на Лајпциг во Франкфурт (ВИДЕО)

На еден од фаворитите за врвот во Германија, тимот на Лајпциг му се случи катастрофа на гостувањето во Франкфург кај Ајнтрахт. Пораз од 4-0, со што тимот има очаен старт во новата сезона, во која најавуваше шампионски амбиции.

Победа на Ајнтрахт од 4-0, во меч со четири различни стрелци. Камада во 16. минута донесе 1-0, а Роде во 22. минута 2-0. Во 67. минута Тута зголеми на 3-0, а Боре од пенал во 84. минута ги постави конечните 4-0.

Ова е тежок удар за Лајпциг пред настапот во ЛШ и дуелот со Шахтјор на домашен терен.

Се вчитува...