Катастрофа на македонските ракометарки во Шведска

Женската ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот во баражот за СП 2017 со втор убедлив пораз од Шведска. По триумфот на првиот меч во „Кале“ (20-31), Шведска беше уште посупериорна во реваншот  на домашен терен и со победа од 46-27 (26-11) го завери пласманот на Светското првенство што ќе се одржи во декември во Германија.

Ако на првиот натпревар во Скопје, македонската репрезентација одигра слабо, на реваншот играта на најдобрите македонски ракометарки беше катастрофална. Селекторот Симе Симовски пред реваншот најави повнимателна игра со редуцирање на грешките, но наместо тоа, македонската репрезентација на теренот беше очајно инфериорна со десет технички грешки и со дури 15 гола негатива само по првото полувреме.

mkd svedska1

Покрај несигурната одбрана на македонскиот состав, Швеѓанките немаа многу проблем брзо да да се одлепат и постојано да ја зголемуваат предноста. Со четиир гола во серрија, домашната селекција уште во 5.минута имаше водство од 6-2. Во втората четвртина Швеѓанките влегоа со двојно поголема предност (14-7). Обидите на Симовски со тајм-аут да ја прекине лошата серија, не го дадоа посакуваниот резултат. Агонијата на македонската репрезентцаија продолжи и во наредните минути, а Швеѓанките рутински ја казнуваа секоја грешка и ја зголемуваа предноста. На седум минути пред крај на првиот дел стигнаа до двоцифрена предност поведувајќи со 19-9, а на одмор заминаа со огромна +15 (26-11).

mkd svedska simovski

Ништо ново во играта не донесе ни второто полувреме од натпреварот во Истат. Македонските ракометарки на стартот врзаа два гола и намалија на 26-13. Но, Шведска, брзо воспостави контрола и подолжи без проблем да го полни македонскиот гол од сите позиции. Во последните десет минути Швеѓанките влегоа со предност од 40-23. На крајот Шведска славеше убедлива победа со 46-27   и го потврди пласманот на СП во Германија со вкупна предност од + 30 во бараж-двомечот со Македонија.

Мирјета Бајрамовска и Сара Ристовска беа единствени светли точки во очајното издание на македонската репрезентација и најефикасни во нападот со по шест гола. По четири погодоци за Македонија постигнаа Ивана Гакидова и Душица Ѓоргиевска.Во репрезентцаијата на Шведска најефикасна беше Луис Санд со девет гола, а Даниела Густин и Натали Хагман додадоа по седум гола.

Се вчитува...