Катастрофа: Се вратија „искусните“, мизеријата женска репрезентација остана

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа катастрофа на реванш натпреварот од бараждвомечот против Украина, откако загуби во Кишварда со убедливи 31-22.

Повторно како и на сите натпревар во минатите десет години „најискусните“ со премногу технички грешки му дозволија на противникот да се разигра уште од самиот старт на натпреварот. И тоа што даде надеж пред Европското првенство и доаѓањето на Љубомир Савевски, падна во вода откако место шанса на младите, во репрезентацијата повторно се вратија ракометарки кои во минатите десет години не знаат за настап на големо натпреварување.

Нашите девојки го почнаа натпреварот со гол уште во првиот напад на Моника Јанеска со кој поведовме со 0-1. По неколку минути гол за гол, Елена Ѓоргиевска погоди статива по која преку контра реализираше Левченко за прво водство на Украина 2-3 и исклучување за Јанеска.

Следеа голем број на технички грешки на нашите ракометарки по кои Украинките во седмата минута за првпат стигнаа и до плус три (7-4).

Нашите ракометарки заиграа подобро, но сепак пропуштивме голема шанса да се вратиме резултатски во мечот откако при два негатива (10-8) во 13. минута Сара Ристовска не успеа да искористи пенал, по што бевме казнети со два гола и по 15 минути игра имавме негатива од 12-8. Повторно имавме ракометар повеќе, но најискусните Ѓоргиевска и Ристовска повторно грешеа па украина стигна и до највисоки плус шест 14-8.

Нашата поентерска криза ја прекина Гакидова со гол од пенал со кој намаливме на 14-9. Следеа два нови погодоци на Украинките со кои на влезот на 20 минута поведоа и со плус седум 16-9.

До крајот на првото полувреме Украинките го полнеа голот на нашите ракометарки од секоја позиција и на пауза заминаа со голема предност од 24-12.

Во второто полувреме Украинките само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 31-22 и пласман на Светското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Леонида Гичевска беше единствената светла точка во нашиот тим, а натпреварот го заврши со девет постигнати погодоци. Кај Украинките Ирина Глибко постигна седум гола.

Се вчитува...