Катастрофален пораз на кадетите од Бугарија во битката за 13. место на ЕП Б-дивизија

Македонската кадетска репрезентација за кошаркари до 16 години доживеа катастрофален пораз од дури 40 поени разлика, од соодветната селекција на Бугарија, во натпреварот за 13.место на Европското првенство У16 – Б-дивизија кое се игра во Скопје.

Нашите кадети одиграа лош натпревар дозволувајќи им на Бугарите да доминираат низ текот на целиот натпревар, на крај за убдлив пораз од 62-102 (15-24, 14-30, 16-24 и 17-24).

Најефикасни во македонските редови беа Зунзуровски и Коневски со по 13 поени, Котевски заврши со 11 поени, а Шабани со 10 поени. Кај Бугарите предводеа Тодоров и Џамбазов со по 22 поени.

Па, на крајот Македонија заврши на 14. место на Европското првенство Б-дивизија.

Се вчитува...