Ќатип Османи на клупата на Ренова и следната сезона

Ренова го реши тренерското прашање за идната сезона. Сегашниот тренер Ќатип Османи, останува на клупата и следната сезона, објави клубот од Џепчиште.

Османи беше тренер на Ренова цели пет години од 2012 до 2017, а потоа се реши да се врати во Шкендија каде освои титула, па седна и на клупата на Шкупи, по што во ноември 2020 година одново беше назначен на клупата на „гипсарите“. Неговиот договор истекуваше на крајот на оваа сезона, но истиот е продолжен.

Со него продолжува и неговиот асистент Башким Ливорека.

Се вчитува...