Единсон Кавани во моментов е се уште слободен играч. Веќе екс-напаѓачот на Јунајтед е во потрага на нов клуб, но очигледно уште не размислува за напуштање на Европа.
Уругваецот сака својата кариера да продолжи во Шпанија. Тој беше блиску до преселба во Бока Јуниорс. Меѓутоа понудата ја одби со образложение дека сака да игра на високо ниво, што е желба и на неговите најблиски членови на семејството.
Сонот на искусниот голгетер е да заигра во Примера. Шпанските клубови во наредниот период ќе имаат можност да го убедат пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.
Од Данубио, 35-годишникот продолжи во Палермо, па се пресели во Наполи, од каде направи трансфер во ПСЖ и потоа во Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА