Казна и за Ди Марија – Аргентинецот го пропушта дербито со Милан

Фудбалерот на Јувентус, Анхел Ди Марија е суспендиран на два натпревари откако беше исклучен на натпреварот против Монца во 7. коло од италијанскиот шампионат кој неговиот тим го загуби со 0-1.

Аргентинскиот фудбалер во 40. минута доби црвен картон поради удар со лакт кон противник. Искусниот 34-годишен фудбалер поради тоа ќе ги пропушти натпреварите против Болоња и Милан во Серија А.

Ди Марија оваа сезона во Јувентус пристигна од Пари Сен Жермен. Вкупно одигра четири натпревари за тимот од Торино во Серија А. Тој постигна еден гол и забележа една асистенција и двете на дебито против Сасуоло меч на кој „старата дама“ славеше со 3-0.

Се вчитува...