Казорла ја продолжува кариерата кај Чави во Ал-Сад

Шпанскиот интернационалец Санти Казорла го напушти Вилјареал и кариерата ќе ја продолжи во катарскиот клуб Ал-Сад. Тренер на овој клуб е легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Хернандез, кој успеа да го убеди Казорла да се пресели во Катар.

Одличниот играч за врска во завршениот шампионат во Ла Лига имаше 35 настапи за Вилјареал, постигна 11 гола и забележа девет асистенции.

Се вчитува...