КБК Шампион е најдобар клуб на националното првенство во кикбокс, одржано и Собрание на КМФМ (ФОТО)

Изминатиов викенд во спортската сала на А1 Националната Арена Борис Трајковски во Скопје, во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија (КМФМ) се одржа 1. Национално кикбокс првенство за 2023 година за сите возрасти во категории (татами – кик лајт, ринг– лоу кик и К1).

На првенството учествуваа 346 натпреварувачи во 386 натпреварувачки влезови од вкупно 28 кикбокс клубови од целата држава, што е најмасовното национално кикбокс првенство кое е организирано во нашата држава од формирањето на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија до денес. Натпреварувањата се одвиваа на еден ринг и пет татами борилишта, во одлична организација од страна на КМФМ.

Најуспешен кикбокс клуб е КБК Шампион од Скопје со освоени 20 златни, 10 сребрени и 11 бронзени медали и истиот воедно е и најмногуброен клуб на натпреварот, за што беше награден со златен пехар, а втор по успех клуб е КБК Гладијатор од Скопје со освоени 12 златни, 8 сребрени и 9 бронзени медали, за што беше награден со сребрен пехар.

Во склоп на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг и тренерски семинар.

За време на националното првенство се одржа и Редовно собрание на КМФМ за 2021 година.

Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РСМ, како и неколку домашни компании од приватниот сектор.

Од првенството беше испратен и повик за помош на настраданите во страотните земјотреси во Турција и во Срија, со повик до сите македонски граѓани за финансиска поддршка преку телефоните за солидарност со турскиот и со сиријскиот народ.

 

Се вчитува...