Ќе има навивачи на Мастерсот во Мадрид

Организаторите на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, планираат да им дозволат на навивачите да присуствуваат на мечевите, потврди директорот на турнирот Фелисијано Лопез. Тениската сезона се очекува да продолжи на 14. август по повеќемесечната пауза предизвикана од пандемијата од коронавирусот. И покрај сите мерки за заштита неодамна организаторите на Ролан Гарос најавија дека најверојатно ќе има публика на францускиот грен-слем, а истиот пример одлучија да го следат и од Мадрид.

„Уверени сме дека ќе има навивачи. Работиме на тоа со надлежните органи. Им го претставивме нашиот протокол пред некој ден. Изненадени се колку се силни нашите правила, кога се работи за зашитата на навивачите. Сигурен сум дека ќе го одобрат“, изјави Фелисијано Лопез. 

Мастерсот во Мадрид треба да се игра од 13. до 20. септември, а веќе е потврдено дека на него ќе учествуваат Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...