„Ќе има Ролан Гарос годинава и тоа со публика“

Ролан Гарос најверојатно ќе се одржи годинава, вели претседателот на тениската федерација на Франција, Бернар Жудичели. Поради пандемијата од коронавирусот вториот грен-слем во сезоната е преместен и наместо во мај ќе се одигра во септември, една недела по завршувањето на УС опен.

„Разговараме со АТП, ВТА и ИТФ. Го избегнавме најлошто кога одлучивме да не го откажеме турнирот. Најважно е што турнирот ќе се одржи и што ќе бидеме тука за љубителите на тенисот. Го зачувавме најважниот турнир на земја“, изјави Жудичели. 

Тој иста така додаде дека доколку турнирот се одржи публиката ќе може да присуствува.

Се вчитува...