Кејлор Навас во центарот на скандал: Закани дека намерно ќе прима голови и губи натпревари

Голманот на ПСЖ, Кејлор Навас се најде во центарот на скандал во Костарика со заканите дека намерно ќе прима голови и ќе губи натпревари.

И покрај тоа што Костарика на СП 2014 година го воодушеви светот со пласманот во четвртфиналето, од тогаш траат проблемите во репрезентацијата откако играчите, на чело со Навас, и покрај големиот успех барале да биде сменет селекторот Хорхе Луис Пинто.

Околу целиот тој случај беше покрената и судска постапка, па поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Костарика, Едуардо Ли денови сведочеше на истиот.

Ли потврди дека Навас бил на состаноците заканувајќи му се дека повеќе нема да играат за репрезентацијата ако Пинто остане селектор. Но, Навас одел и чекор понатаму нагласувајќи дека и ако треба ќе игра но ќе прима намерно голови и ќе губи натпревари и дека воопшто нема да му биде важно за навивачите и националниот дрес.

Овие сведоштва на поранешниот прв човек на Фудбалскиот сојуз на Костарика наидоа на огромен револт кај навивачите и фудбалската јавност во Костарика.

Се вчитува...