Една од двете најголеми ѕвезди на актуелниот шампион во НФЛ лигата Канзас Сити Чифс, Тревис Келси доби продолжување на договорот, што секако ќе го направи најплатен играч на неговата позиција.
Иако Келси веќе има 34 години, и иако има уште три години од договорот, од Чифс решија целосно да го зацементираат и да ја продолжат соработката за уште две сезони. Деталите од договорот се уште не се познати, но сигурно е дека тој ќе биде најплатен тајд-енд, што значи дека ќе има поголема годишна плата од 17 милиони долари што моментално ги добива Дерен Волер.
Без сомнение, квотербекот на Чифс, Патрик Махоумс, најмногу се радуваше на оваа вест. Двајцата станаа еден од најсмртоносните тандеми во историјата на оваа игра, соборувајќи голем број рекорди и се подготвени долго да доминираат со овој караван.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА