Ќерката на Гоце Седлоски на 16 години е сениорска ракометна репрезентативка

Нејзиниот татко е еден од најлегендарните македонски фудбалски репрезентативци, а љубовта кон спортот од семејството придонесе таа да заплови во ракометни води. Станува збор за ќерката на Гоце Седлоски, Андреа Седлоска, чиј ракометен напредок придонесе да биде повикана и во сениорската репрезентација на Македонија.

Седлоска за првпат почнува да тренира ракомет во Австрија, додека нејзиниот татко настапуваше во оваа земја, а по доаѓањето назад во Македонија продолжи низ младинските категории да напредува се до сениорско ниво, иако во март наполни само 16 години.

Таа е член на Вардар, а по тешката повреда на коленото од пред неколку сезони собра сили за да се врати во уште подобра форма. Повикот од селекторот Симовски во сениорскиот состав иако има само 16 години е најдобра потврда за потенцијалот на Седлоска, која во годините што следат допрва ќе ги докажува своите квалитети во репрезентативниот дрес.

Се вчитува...