Кеси „удри“ по Монтела: Со Гатузо вложуваме максимум на тренинг, претходно речиси да не трчавме

Играчот за врска на Милан, Франк Кеси, по вчерашната победа над Рома од 2-0 направи споредба на неговиот тренер, Џенаро Гатузо и екс-тренерот на „росонерите“, Винчензо Монтела, при тоа критикувајќи ги тренинг методите на сегашниот предводник на Севилја.

„Гатузо не форсира цело време да трчаме на тренинг, а особено внимание посочува на тактиката. Со Монтела речиси и да не трениравме, тој малку време посветуваше на стратегијата и начинот на кој треба да играме, но сега е друга приказна, вложуваме многу на тренинг, а одраз на тоа се добрите резултати. Атмосферата во соблекувалната секогаш била на високо ниво, само што сега повеќе се фокусираме да ги поправиме грешките кои претходно сме ги правеле“, истакна Кеси.

По вчерашниот триумф Милан забележа осми натпревар во низа без пораз (шест победи и две реми), со тоа што ги врати надежите во трката за место кое води во Европа следната сезона.

Се вчитува...