Кевин Миралаш се врати во Олимпијакос

Фудбалерот на Евертон, Кевин Миралаш се врати во Олимпијакос како позајмен играч до крајот на сезоната. 30-годишниот крилен напаѓач по шест години повторно ќе го носи дресот на грчкиот шампион, клубот со кој освои две титули во домашното првенство во 2011 и 2012 година.

Белгиецот сезонава е вон плановите на Сем Алардајс како и претходниот менаџер Роналд Куман, во првиот дел од тековната сезона запиша само пет настапи за „карамелите“, па Миралаш одлучи да замине во потрага по поголема минутажа.

За репрезентацијата на Белгија одигра 59 натпревари во кариерата, а една од главните причини за неговото заминување е и целта да обезбеди место во селекцијата за Светското првенсво во Русија.

Се вчитува...