КФМ го објави распоредот, пресметката меѓу МЗТ Скопје и Работнички е закажана за седмото коло

Кошаркарската федерација на Македонија денеска го објави распоредот за новата 2026-27 сезона во Суперлигата. На денешниот состанок на кој присуствуваа екипите кои ќе бидат дел од Суперлигата, беше извршена ждрепката за новата сезона, а големо дерби е закажано за седмото коло.

Двата најтрофејни кошаркарски колективи, МЗТ Скопје кој ќе ја брани титулата и Работнички, меѓу себе ќе играат на 14 ноември во рамки на седмото коло во Суперлигата. Дуелот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Новата сезона ќе започне на трети октомври и во првото коло ќе играат Струмица – Работнички, Пелистер – ТФТ, Скопје – Кожув, МЗТ Скопје – Куманово, Штип – Тиквеш.

Целиот распоред за натпреварувачката сезона 2026-27 може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...