Кик-бокс спектакл во Скопје: Бобан Илиоски ќе се бори за титулата професионален светски шампион!

Во петок, во Спортскиот центар „ Јане Сандански“, со почеток од 19 часот, Скопје ќе биде домаќин на гала кикбокс настанот “ВАКО ПРО АФН 9” во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија.

На овој прв од ваков вид професионален кикбокс меч главната борба на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Македонија, спортист на годината за 2023 година, Бобан Илиоски ќе се соочи со актуелениот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES 88.6 кг од Турција – Берк Дузенли.

Претходно, на еден од мечевите ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште шест други мечеви во машка и женска конкуренција, на кои настап ќе земат атрактивни борци од нашата земја и нивните противници од Србија, Словенија, Босна и Израел кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО (Светската асоцијација на кикбокс организации) првенства.

Настанот ќе се пренесува во живо на МТВ3 националниот канал. Билетите се пуштени во продажба онлајн на: https://www.kupikartizase.com/Events/arena_%20fight-%20nights, а ќе се продаваат и на билетарата на салата од утре (24. април) па се до 26. април.

Се вчитува...