Кик-боксерите со 22 медали од Балканското првенство во БиХ, Илиоски и Ризов најдобри сениори

Македонската кик-бокс репрезентација запиша одличен успех на 14. ВАКО Балкански шампионат за јуниори и сениори во Лоу-кик и Кик-лајт кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, освојувајќи вкупно 22 медали од кои 5 златни, 11 сребрени и 6 бронзени.

На првенството учествуваат 210 натпреварувачи од осум балкански држави, од кои Македонија учествуваше со 25 кик бокс репрезентативци, предводени од претседателот на КБФМ, Дејан Митровски.

Притоа, трофејот за најдобар борец сениор на ринг замина во рацете на Бобан Илиоски, додека пехарот за најдобар борец сениор на татами замина во рацете на Филип Ризов.

НОСИТЕЛИ НА МЕДАЛИ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО…
1. Филип Ризов – сениор Кик Лајт -57кг (златен медал)
2. Стефан Михајловски – постар јуниор Лоу Кик +91кг (златен медал)
3. Славчо Арсов – јуниор Кик Лајт -79кг (златен медал)
4. Јована Арсова – јуниор Кик Лајт -55кг (златен медал)
5. Бобан Илиоски – сениор Лоу Кик -81кг (златен медал)
6. Ристе Атанасов – (сениор Кик Лајт -74кг (сребрен медал)
7. Блаже Настов – јуниор Кик Лајт -63кг (сребрен медал)
8. Стефани Тодорова – сениор Лоу Кик -60кг (сребрен медал)
9. Марија Јанева – јуниор Кик Лајт -60кг (сребрен медал)
10. Роберт Костовски – постар јуниор Лоу Кик -67кг (сребрен медал)
11. Мимоза Стаменковска – сениор Кик Лајт -60кг (сребрен медал)
12. Никола Бубевски – сениор Кик Лајт -79кг (сребрен медал)
13. Марија Кицеска – помлад јуниор Лоу Кик +60кг (сребрен медал)
14. Акан Адемов – постар јуниор Лоу Кик -54 кг (сребрен медал)
15. Андреа Костовска – сениор Кик Лајт -55кг (сребрен медал)
16. Викторија Варадинова – помлад јуниор Лоу Кик -56кг (сребрен медал)
17. Ивица Цветановски – постар јуниор Лоу Кик -91кг (бронзен медал)
18. Димитар Ѓорѓиев – сениор Лоу Кик -86кг (бронзен медал)
19. Дарко Најдов – постар јуниор Лоу Кик -67кг (бронзен медал)
20. Филип Наковски – сениор Кик Лајт -84кг (бронзен медал)
21. Александар Петров – сениор Лоу Кик -71кг (бронзен медал)
22. Медин Ахмети – постар јуниор Лоу Кик -63,5кг (бронзен медал)

Се вчитува...