Кик-боксерот со медал од СП за Хрватска, дел од хулиганската акција во хаосот во Белград

Хрватот Дамир Товаровиќ е еден од шесте хрватски државјани кои учествуваа во немирите на трибината на партизановите „Гробари“ на вечното дерби во Белград.

Тој е еден од платениците за предизвикување на хаосот, а се работи за еден од најдобрите светски кик-боксери кој е освојувач и на бронзен медал за Хрватска од Светско првенство во супертешка категорија. Учесник е и на К-1 турнир, а во својата кариера 26-годишниот Товаровиќ бил и шампион на Хрватска во бокс.

Интересно, Товаровиќ завршил и факултет за Океанографија и рибарство, а потоа и магистрирал на истиот факултет… Но, сега околу 10.000 евра како награда го привлекле да биде дел од групата хулигани за превласт на трибината на „Гробари“ во Белград.

Сите шест Хрвати, како што пренесуваат српските медиуми, најмногу настрадале затоа што по првпат биле на трибината на „Гробари“ на стадионот во Белград и не знаеле како најбрзо да се повлечат од неа. Затоа и беа претепани, палени со пиротехнички материјали, соблечени голи и пуштени на тартанот.

kik-bokser

Товаровиќ завршил со скршен нос и вилица. Сега е приведен од српската полиција и против него се подготвува кривична пријава.

Се вчитува...