Кике Сетиен и официјално доби отказ од Барселона. Тој заминува од тренерската позиција на каталонскиот гигант по дебаклот од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона доживеа огромен срам губејќи со 2-8 од германскиот првак. Тимот на Кике Сетиен буквално беше прегазен на теренот во Лисабон.
„Кике Сетиен доби отказ. Тоа е одлуката од вечерашниот состанок“, изјави претседателот на клубот Жозеп Мариа Бартомеу при напуштањето на клупските простории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА