Кикер: Тухел е наследникот на Венгер во Арсенал!

Арсенал ќе биде новиот клуб на Томас Тухел откако германскиот стратег веќе ја прифатил понудата на „топчиите“ за да го преземе кормилото на овој клуб во текот на летото, објави германскиот весник „Кикер“. Газдите на Арсенал веќе донеле одлука за разделба од Арсен Венгер, а од неколкуте стратези кои беа опција беше избран токму Тухел, со кого биле водени позитивни разговори.

Токму овие преговори биле причината екс-тренерот на Борусија Дортмунд да ја одбие понудата на Баерн Минхен, порачувајќи им на баварците дека сака кариерата да ја продолжи надвор од Германија. Предизвикот да се биде нов менаџер на Арсенал се покажал неодолив за Тухел, кој ќе има можност во Лондон да соработува со две поранешни ѕвезди на Борусија, Хенрик Мхитаријан и Пјер Емерик Обамејанг.

На германскиот стручњак му биле ветени и над 80 милиони фунти за доведување на нови фудбалери, со кои Арсенал би се вклучил во борбата за највисок пласман по големиот резултатски пад во последните две сезони.

Се вчитува...