Кикс на Реал со Гетафе, Леванте и Барди добија „петарда“ од Вилјареал (ВИДЕО)

Реал Мадрид киксираше во 31. коло од Ла Лига единствено ремизирајќи без голови на дуелот со Гетафе, по што не успеа да го задржи чекорот со лидерот Атлетико Мадрид кој сега бега три бода во однос на „кралевите“.

На вториот натпревар од шпанскиот шампионат вечерва, Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди доживеа убедлив пораз од 1-5 на домашен терен од Вилјареал.

 

Барди го одигра целиот натпревар за Леванте, но не успеа да помогне да се избегне убедливиот пораз.

 

Се вчитува...