Ким Клајстерс не планира повторно да се повлече од тенисот

Белгијската тенисерка Ким Клајстерс која годинава по вторпат му се врати на професионалната кариера, а на 8. јуни ќе го прослави 37. роденден сигурна е ќе продолжи таму каде застана и покрај пандемијата од коронавирусот која ги сопре сите тениски турнири.

„Се надевам дека ќе може да се игра годинава. Но, и ако не се случи тоа јас планирам да продолжам да играм. Секогаш сум мотивирана за тенис. Сакам да бидам подготвена за УС опен, ако тој се одржи. Ќе биде фантастично да се вратиш на „Артур Еш“ по долга пауза“, изјави Клајстерс. 

Пред суспендирањето на сезоната Клајстерс одигра само еден натпревар, на турнирот во мексиканскиот Монтереј каде беше поразена од британската тенисерка Јоана Конта.

Се вчитува...