Кимих: Не се занимавам со Барселона, имам големи планови со Баерн

Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих, јавно ги отфрли шпекулациите за негов трансфер во Барселона, за кој се шпекулира веќе некое време. Тренерот на Каталонците, Чави истакна дека би сакал да го види Германецот на „Ноу Камп“, но проблематично е тоа што има договор, а Барса не може да троши многу пари.

После ремито со Украина, Кимих проговори за својата иднина, и ги отфрли сите шпекулации за трансфер во Барселона.

„Изјавата на Чави ја прочитав, а вистината е дека не се занимавам со тоа. Имам уште две години договор со Баерн и со овој тим имам големи планови“, изјави Кимих.

Се вчитува...